Отстранета е карпата од патот Кочани – Македонска Каменица, која утринава го попречи сообраќајот.

Директорот на Регионална подружница на „Македонија пат“ – Штип, Кире Коцев за МИА информира дека екипите во рок од два часа со помош на градежна механизација ја отстраниле 10-тонската карпа од коловозот, со што сообраќајот сега се одвива непречено.

– Морам да апелирам возачите да возат внимателно на овој патен правец, но и на регионалниот патен правец Виница – Берово каде што имаме појави на одрони. Во овој период кога се топи снегот на планините и имаме дожд се случуваат вакви одрони на патиштата – вели Коцев.