ВЕЛЕС

Во Ликовниот салон во Велес е отворен 18. Меѓународен салон на стрип, на кој учествуваат стрип-уметници од Романија, Белгија, Албанија и од Србија. Во меѓувреме, во куќата на Касапови е отворена третата по ред Стрип-колонија на која учествуваат десет стрип-уметници од Македонија.
– На најдобрите стрип-уметници од годинашниот салон им беа доделени награди и признанија – информираат во Општината.
Стрип-колонијата и Меѓународниот салон на стрип – Велес 2021 е во организација на Стрип-центарот во Велес, со поддршка на Општина Велес.