Во организација на ОО на Црвениот крст и Заводот за трансфузиона медицина, денес беше спроведена крводарителна акција во ОВР – Кичево, втора по ред во оваа институција годинава.

При денешната крводарителна акција беа собрани вкупно 18 единици на крв од сите крвни групи.

– Денес во организација на ОО на Црвениот крст Кичево и Заводот за трансфузиона медицина од нашиот град, беше спроведена крводарителна акција во ОВР-Кичево, на која беа собрани вкупно 18 единици на крв од сите крвни групи. Ова е втора крводарителна акција спроведена оваа година во ОВР-Кичево. Собраните количества на крвни единици ќе бидат од драгоцена помош на здравствените установи, бидејќи повеќето болници се повеќе имаат проблеми со намалени количества на крв а како главна причина за овој дефицит е пандемијата со коронавирусот. Првата акција во кичевската полиција ја спроведовме на 3 февруари, кога беа собрани 13 единици на крв – информираа од ОО на Црвениот крст Кичево.

З.А.