Општината Битола и италијанската амбасада во Република Македонија го осудуваат вандалскиот чин на сквернавење на споменикот подигнат во чест на скоро педесет илјади италијански борци кои, заедно со Британците, Французите, Србите и Грците, се бореле на македонска територија за време на Првата светска војна.

– Се работи за крајно нецивилизациски чин. Современите европски вредности подразбираат почит, без која не може да се говори за заеднички просперитет во човештвото – се истакнува во заедничкото соопштение на Амбсадата на Италија
и општината Битола. М.М.