Прилепските советници на денешната 45-та седница на Советот на општина Прилеп донесоа одлука за ослободување од надомест на трошоци на родителите чии деца ги користат услугите на Јавната општинска установа Детски градинки „Наша иднина“. Ослободувањето важи за месеците април, мај и јуни, како и за останатиот период до почетокот со работа на градинките. Со Одлуката се опфатени родителите на околу 1.500 деца, кои во месеците кога децата не одат во градинка плаќаат 35 отсто од месечниот износ.

При тоа на седницата беа усвоени кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Прилеп за првите месеци од 2020 година, како и годишната сметка и извештајот за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ за 2019 година и тримесечниот извештај за периодот од 1.1.2020 до 31.3.2020 година на ова јавно претпријатие. Дадена е согласност и за тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Пазари“ и ЈП за ПУП.

На денешната седница беа донесени повеќе одлуки за легализација на бесправно изградени објекти на жители на општина Прилеп. Ка.М.