Фото: Зоран Антоски

Во организација на ОО на Црвениот крст од Кичево и Институтот за трансфузиона медицина од овој град, во просториите на Црвениот крст беше организирана крводарителска акција на која беа собрани 13 единици на крв.

– Во периодот кога секоја единица на крв вреди како суво злато, денес во нашите простории беше организирана крводарителска акција во која беа собрани 13 единици крв, кои ќе им бидат добредојдени на здравствените установи, бидејќи во поголем дел од нив се чувствува дефицит од најдрагоцената течност.

И покрај епидемијата со коронавирусот, Општинската организација и понатаму ќе продолжи со крводарителски акции во јавни установи и производни капацитети во општината. Денешната акција ја спроведовме во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од нашиот град.

Инаку, оваа акција  традиционално ја спроведуваме во месец август, но поради дефицит од крв во повеќето болници, истата е поместена за јули – информира Јане Кочоски од Црвени крст-Кичево.

Летово крводарителна акција беше спроведена и во РЕК Осломеј.