Оваа година во Битола нема да се одржи музичката вечер „Бела ноќ“. Организаторите на настанот „Широк Сокак во бело“ преку официјално соопштение информираат дека како и минатата, така и годинава, настанот се одложува поради пандемијата.

– Сите овие изминати девет години имавме преполн Широк Сокак и преполн плоштад, насмеани и среќни лица. За жал и оваа година поради ситуацијата со вирусот ковид-19 и пандемијата, а во интерес на здравјето на граѓаните, и со оглед на големината и масовноста, 10-то јубилејно издание се одлага за в година. Се гледаме наредната 2022 година на 10-тото јубилејно издание на плоштад „Гоце Делчев“ – соопшти организаторот. М.М.