Фото: Газета Експрес

Билборд на кој е наведена сумата што ја должи општината, осамна на плоштадот во Тетово.

Новиот градоначалник на Тетово Билал Касами пред извесно време го најави поставувањето на ваквиот билборд со цел за транспарентност, а долгот наводно е затекнат при неговото преземање на власта.

Касами посочи и дека има активности со кои планира намалување на долгот за кој е наведено оти изнесува 24.018.222 евра.