Општина Тетово испрати соопштение по однос на јавно изразениот револт на синдикатот на пожарникарите во градот. Територијалната противпожaрна единица во Тетово несомнено е една од најважните оперативни единици па истакнаа дека како општинска власт сериозно се ангажираат за подобрување на условите на оваа институција.

-Првично, обезбедивме подобри услови за работа во самата станица, а веќе следната година се очекува да завршиме и со реконструкцијата на внатрешноста на објектот на ТПЕ Тетово. Од 2013 година па наваму обезбедивме донации во вкупна вредност од 400.000 евра, главно инвестиции во работни алатки, униформи и камиони за гасење пожар. Во 2015 година, врз основа на Законот за противпожарна заштита и Законот за работни односи, Општина Тетово ја донесе новата регулатива со која се зголемија платите на пожарникарите според следната методологија: зголемување на платата за 4% во текот на редовното работно време, 29% зголемување на платите за време на ноќно работно време, прекувремена работа и работа извршена за време на викендите, како и 42% зголемување на плата за работа извршена за време на празниците утврдени со закон во РМ, се вели во сооштението од општина Тетово.

Од општината велат дека територијалната противпожарна единица од Тетово, покрај општина Тетово, ги сервисира и ги нуди своите услуги на уште 6 други општини што граничат со Општина Тетово, кои финансиски не придонесуваат за одржување на оваа единица.

-Општина Тетово нема проблем со синдикатите, кои всушност се легитимен и демократски инструмент и кои ги штитат работничките права, но се спротивставува на т.н. синдикати кои се инспирирани и носат политичка позадина. Овие т.н синдикати имаат една единствена цел да реализираат нечива политичка цел, а најчесто поттикната од одредени политички кругови кои се обидуваат да ја саботираат најблагородната и докажана работа во текот на сите овие години на Територијалната противпожарна единица – Тетово, истакнаа од општината.

А.С.