Градоначалникот на Охрид и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување на највисоките општински награди и признанија за 2018 година.

Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се  доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.

Наградата Патрон на градот  „Св. Климент Охридски“ ја доделува Градоначалникот, истата се доделува на еден добитник само еднаш и не може да се дели на повеќе добитници.

Останатите општински признанија – повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година. Повелбата може да се додели на најмногу пет поединци или субјекти.

Право на учество на конкурсите за признанијата што се отворени до 20 ноември имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. За добитниците на повелбите одлучува Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид.