Општина Новаци успешно го реализира седмиот по ред проект од Програмата Општинско корисна работа 2021/2022 година „Ранливи категории 2“.

Станува збор за деветмесечен проект преку кој се ангажирани двајца дефектолози- логопеди за работа со децата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и детската градинка
„ Бамби“ од Новаци.

– Општинско корисна работа е програма кои ја реализираме години наназад, а оваа година сме насочени кон работа со говорот на дечињата од училиштето и
детската градинка. Во овие два месеца откако започнаа со работа логопедите вклучени се вкупно 21 дете од кои 12 женски и 9 машки. Општина Новаци проектот го реализира
во соработка со УНДП, Агенцијата за вработување и Министерство за труд и социјална политика – рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Проектот „Општинско корисна работа“ претставува програма која на тешко вработливите лица им нуди можност за социјално вклучување преку работни ангажмани
со скратено работно време.

– ОКР во Општина Новаци е присутна 13 – 14 години и се радувам што соработката продолжува и понатаму. Со градоначалникот Стевановски разговаравме за идните
чекори и продлабочување на соработката, проширување на позициите за следниот повик во ангажирање на образовни асистенти за средно училиште, грижа на стари и
изнемоштени лица,купување на храна, лекови, воспитувачки и негователки во детски градинки, негователи на лица со попреченост и сл – рече Наумче Ташовски, координатор на програмата ОКР од УНДП. М.М.