Општина Новаци доби мултифункционално противпожарно возило за гаснење на пожари, донација од Операција Флоријан со која имаат потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на градење на капацитети и развој на противпожарната служба.

– Возилото,техничката опрема и инструментите кои денес ги добивме како донација од Операција Флоријан ќе ни биде функционална и од голема корист. Целта на донацијата е подобрување на противпожарната заштита во општимата, управување со шумските пожари, едукација и превенција со поддршка на доброволните друштва кои се
едни од главните промотори за заштита од пожари во Европската Унија, како во урбаните средини, шумските и техничките интервенции – рече Стевче Стевановски,
градоначалник на Општина Новаци.

Англиските пожарникари ќе престојуваат во Македонија неколку дена во хуманитарна мисија, како дел од операцијата „Флоријан” и ќе учествуваат во обуките за локалните пожарникари и доброволни противпожарни друштва.

Тие на македонските пожарникари ќе им ја објаснуваат употребата на најновата техника за гаснење пожари, а ќе би обучуваат и за учеството и улогата на пожарникарите во случаи на поголеми сообраќајна несреќи или инциденти со пожари на патиштата.

– Мисијата на Операција Флоријан со донирање на противпожарни возила и опрема во Македонија е започната од пред десеттина година а се спроведува во преку четириесеттина земји во светот. Инструкторите и пожарникарите од Велика
Британија што ги довезоа возилата ќе одржат и обука за управување и користење на противпожарните возила и опрема со македонските пожарникари – рече
Рој Бараклоу од Операција Флоријан. М.М.