фото: Зоран Антоски

Во време на пандемија од коронавирусот, општина Кичево презеде повеќе активности, за да им помогне на најранливите категории свои сограѓани и социјално загрозените семејства за што побезболно да го пребродат овој кризен период.

За да бидат општествено корисни и полезни за себе, на 50 лица ЕЛС-Кичево им овозможи преку работен ангажман да добиваат плата и на тој начин да го прехрануваат своето семејство.

– Општина Кичево за да им помогне на социјално загрозените во време на пандемија, презеде решителни чекори преку работен ангажман да им обезбеди по една плата со која ќе можат да го прехрануваат своето семејство. На овој начин беа ангажирани 50 наши сограѓани од најранливите категории и тие во текот на овој период даваат значаен придонес да се подобри хигиената во градот, а тие со својот ангажман да обезбедат средства за живот. Оваа практика општината ќе ја спроведува и во иднина, за нашите сограѓани полесно да го пребродат тешкиот период и што помалку ја почувствуваат економската криза, која го тресе и целото општество – вели Емин Насуфи, портпарол на општина Кичево.

З.А.