Општина Кавадарци донираше две возила за потребите на полицијата, што претставува втора донација од општината од овој вид. Лани беше донирано возило комбе.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ја посети општината, каде се сретна со Јанчев и му заблагодари за донацијата.

– Сакам да ја искористам оваа можност и да му се заблагодарам на г-динот Јанчев на донацијата – две нови возила – за потребите на нашата полиција што еве денес ни е врачена. Потег вреден за почит со надеж дека и во наредниот период ќе продолжиме со истото темпо во продлабочување на нашата соработка а во интерес на граѓаните – рече Спасовски.

Министерот во текот на денот ги посети и општините Градско и Демир Капија, каде со градоначалниците разговараше за работењето на организационите единици во рамки на Секторот за внатрешни работи Велес, соработката со локалните власти и функционирањето на локалните совети за превенција.