Општина Дојран ги повика сите угостители, хотелиери и приватни издавачи на соби и апартмани, доколку сакаат да го претстават својот бизнис на престижниот Саем за туризам во Белград, деновиве да донесат рекламен материјал во општината.

Промотивниот рекламен материјал во вид на летоци, брошури, фотографии, визит карти и друго, ќе биде изложен на штандот на Општина Дојран и ќе им биде доделен на сите негови посетители, велат од општината.

Туристичкиот саем во Србија, на кој ќе се претстави и Општина Дојран, ќе се одржи од 21 до 24 февруари во Белград. Тие неколку дена се очекува саемот да биде стопанска манифестација која покрај бизнисмените да биде посетена и од десетици илјади граѓани кои ќе имаат можност да се запознаат со туристичките понуди на Дојран, што последните неколку години е честа дестинација на туристите од Србија.