На просторот на битолската касарна почна изградбата на новата детска градинка, која по пат на јавно приватно партнерство заднички ќе ја градат локалната самоуправа и германската компанија „Кромберг и Шуберт“.

Новата детска градинка ќе биде со капацитет за сместување на 260 деца. Таа ќе располага со 13 занимални и сопствена кујна. Ќе биде изградена по најсовремени стандарди со запазување на сите енергетско-еколошки стандарди.

Во изградбата на градинката, од вкупно 400.000 евра половина средства ќе ги даде локалната самоуправа, а половината германската компанија „Кромберг и Шуберт“. Вториот дел ќе биди комплетно финансиран од Општина Битола.

Според зборовите на претседателот на Советот на Битола, Валентин Груевски, во оваа фаза градината претставува заедничка инвестиција со „Кромберг и Шуберт“ во износ од 50-50, ама кога се ќе се изгради истата, според Груевски односот на парите ќе биде 80-20 во корист на Општина Битола.

М.М.