Велес

Општина Велес, како и повеќето други општини, како дел од мерките за заштита и превенција од ширење на коронавирусот ги затвори сите спортски терени и детски игралишта за да се намали движењето на граѓаните.
– Општина Велес ја известува јавноста дека ги затвора сите детски игралишта, оградувајќи ги со заштитна лента спортските терени, патеката околу езеро Младост и другите јавни површини во градот, за редуцирање на движењето на граѓаните – информираа вчера од локалната самоуправа на Велес.

Оттаму апелираат до сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони. Истакнуваат дека во согласност со одлуката од дваесет и третата седница на Владата, целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица во паркови и на други јавни места и јавни површини. За таа цел се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и на армијата.
Општина Велес повикува на целосно почитување на препораките за заштита од коронавирус.