Општината Битола годинава го одврза ќесето за одржувањето на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.

За престојниот фестивал „Браќа Манаки“ Битола ќе издвои 3.000.000 денари.

Ова го изјави градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

-Фестивалот „Браќа Манаки“ е значаен не само заради тоа што го збогатува културниот живот на Битола, туку и дава додадена вредност на препознатливост во меѓународни рамки. Оваа година Општина Битола го поддржа фестивалот во делот на организација со 3 милиони денари, од кои 400 илјади денари ќе биде финансиска помош, а останатите 2,5 милиони денари во делот на сместувачки капацитети за гостите кои ќе присуствуваат на фестивалот – истакна градоначалничката Наташа Петровска.

М.М.