По повод празникот Богојавление – Водици, в недела, 19 јануари, во 11 часот, 110 момчиња и девојчиња од Прилеп ќе скокаат во осветените води со желба да стигнат до крстот.

Од Прилепското архијерејско намесништво, кое е организатор на настанот, велат дека богојавленскиот водосвет, односно чинот на фрлање на крстот, освен во градот, ќе биде извршен и во 11 населени места во прилепската општина, меѓу кои во Тополчани, Мало и Големо Коњари, Кадино Село и др.