БИТОЛА

Во рамките на пролетната акција за озеленување и хортикултурно уредување на површините околу РЕК „Битола“, деновиве во комбинатот беа реализирани повеќе активности и акции за разубавување на околината.
Како пред Управната зграда, така и на другите површини, почнувајќи од раскрсницата Новаци, која води до термоцентралата и рудникот „Суводол“, засадени се голем број дрвца, борчиња, елки и цветни алеи.
По пролетното разубавување на комбинатот, тој на радост на вработените доби сосема нов лик. Ваквите активности наидоа на голема радост кај сите вработените.
Со овие „еколошки акции“, РЕК „Битола“ покажа дека, покрај грижата за производство на чиста електрична енергија, посебно внимание им посветува и на животната и работна средина и на зеленилото.
Со последната акција во РЕК „Битола“, вработените покажаа како треба секој во своите средини да се грижи за разубавување на својата животна и работна средина.