Околу 2.000 учесници се вклучија во вчерашната рекреатива трка „We run we care“, која по вторпат се одржа во Прилеп. Трката е од хуманитарен карактер, а собраните средства од котизацијата на учесниците, 100 денари по лице, ќе бидат употребени за тековно одржување и доопремување на Центарот за лица со церебрална парализа. Рекреативно донаторската трка беше во организација на бизнис-секторот и Општина Прилеп.

– Средствата од котизацијата на учесниците ќе бидат употребени за купување надгледни средства кои ќе им помогнат на лицата со церебрална парализа во нивните активности – изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Стопанствениците истакнаа дека се горди на масовноста на акцијата и веруваат дека истата во иднина ќе прерасне во традиција.