Фото: Пиксабеј

 Центарот за развој на Југоисточниот плански регион соопшти дека најавеното прскање против комарци што требаше да се реализира во сите десет општини во регионот е одложено.

– Се известуваат граѓаните на Југоисточниот плански регион дека поради временските услови и обилните врнежи првото прскање против комарци се одложува. Ќе се изврши во текот на следната недела, за што јавноста дополнително ќе биде известена – соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Прскањето требаше да се реализира утре во периодот од 4:30 до 9:30 часот.