Здружението на спорски ветерани „Шарпланинец“ од Тетово и Федерацијата на спортски ветерани на Македонија, в сабота организираат одбојкарски турнир за ветеранки и ветеранки насловен „Тетово опен 2018“.

Во женска конкуренција учествуваат клубовите Струмица, Работнички од Скопје и Љуботен од Тетово, а кај мажите ветераните на Вардар од Скопје, Струмица и Југохром од Тетово.

Турнирот започнува во 14 часот со разигрување, односно полуфинални натпревари.
Женското финале е закажано за во 16 часот, а машкото во 16.30 часот. Натпреврите ќе се играат во спортската сала на основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово. А.С.