Со богослужби во сите храмови, денеска во Прилеп беше одбележан празникот посветен на Св. Петка. Особено свечено беше во црквата Св. Петка во населбата Точила каде што бројни верници дојдоа да го одбележат празникот на Преподобна маченица Параскева Петка, наречена Римјанка. Тие запалија свеќа и се помолија за здравје.

Храмот Св. Петка е изграден во 2016 година со донации од прилепските фирми и од верниците. Многу прилепски семејства денеска ја слават славата Петковден. Ка.М.