Со полагање на цвеќиња на споменикот во месноста „Чашка“, во чија близина во
1942 година загинаа народните херои Борка Талески и Лазо Филиповски – Лавски, на
бистата на Борка Талески во Алејата на народните херои и на Могилата на непобедените и во институцијата, како и со доделување на пригодни награди, денеска ГБ „Борка Талески“ од Прилеп го одбележа патронот.

При тоа според сите протоколи во големата сала од библиотеката беше прочитан реферат за ликот и делото на Талески и за ликот и делото на Коле Чашуле.

Библиотеката ги додели и пригодните награди за најредовни читатели за 2020 година на ученичката Марија Ацеска и Афродита Дамкоска, како и наградите за најдобри рецитатори, најдобри во пишување краснопис и за најдобра лична творба. Ка.М.