Во кругот на Протипожарната единица во Битола денеска се одржа чествување по повод 77-годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада во Битола.

Свежо цвеќе пред спомен плочата, положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола и други делегации.

Чествувањето на овој јубилеј беше во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола.

– Кон традицијата со почит и поклон пред жртвите за најголемиот човечки идеал – слободата“ е пораката која беше испратена на денешниот настан. М.М.