Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола и пред споменикот на „Ангел“ кај Градскиот часовник во Битола, денес се одбележаа 20 години од масакрот кај Вејце, во кој што во заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници на
армиската единица „Волци“, од кои четворица од Битола и Битолско.

Изразувајќи им почит, во нивни вечен помен, свежо цвеќе положија припадници на полицијата, на посебните специјални единици, семејствата на загинатите, претставници на околните општини Могила и Новаци, заменик-градоначалничката Емилија Костурски,
претставници на Советот на Општина Битола.

Да потсетиме, на денешен ден во 2001 година во заседа кај тетовско село Вејце од битолскиот регион загинаа Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски. М.М.