Со пригодна манифестација, настап на црковни хорови, денеска во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп беа одбележани 110 години од смртта на основоположникот на македонското хроско пеење Атанас Бадев.

Бадев е истакнат музиколог и музички педагог, светилник во македонската музичка историја.

-Преку неговиот животен пат и неговото богато творештво се удираат темелите на организираниот музички живот во Македонија ,а посебно со неговата педагошка дејност и формирањето ан учителските школи во Штип и во Прилеп. Бадев, кој своето образование го стекнал во Солун, Бугарија, Русија, во Прилеп го формирал првиот црковно училишен хор – истакна Петар Петрески, директор на библиотеката „Борка Талески“.

За животот и делото на Атанас Бадев говореше д-р Наде Караџоска.

Инаку, Библиотеката „Борка Талески“ преку роднокрајното одделение се грижи за прибирање, систематизирање, чување и афирмирање и презентирање на делата на роднокрајните автори од сите области, меѓу кои и од музичката дејност.

Ка.М.