Огромна карпа го попречува движењето на сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани во близина на село Истибања. Карпата се наоѓа на десниот дел од коловозот од делот на Истибања.

– Поради големиот пречник се движевме по слободната коловозна лента но поради безбедност им препорачуваме на сите кои сега тргнуваат за Скопје да го користат алтернативниот патен правец Делчево-Бигла – велат возачи.

Екипи на ЈП „Македонија пат“, како што информираат оттаму, се наоѓаат на местото на одронот и ќе се преземат активности за отстранување на одронот и нормално одвивање на сообраќајот.