фото: Зоран Антоски

Со превентивна кампања ОВР Кичево го одбележа 7 мај, Денот на македонската полиција. Оваа кампања беше посветена на граѓаните за подигнување на јавната свест, од потребата за одговорно однесување за заштита од ширењето на вирусот ковид-19 и придржување на одредбите за задолжително носење заштитни маски.

– Претпладнето на ниво на СВР Охрид и општините што ги покрива, полициските службеници од Одделението за превенција и други претставки на полициските станици, поделија пакети на заштитна опрема и тоа повеќенаменски маски, заштитни ракавици и флаер со пропагаден материјал. Во рамките на превентивната кампања полициските службеници ги потсетија граѓаните на задолжителна законска обврска, за носење заштитни маски што е најнеопходно средство за одбрана од ковид-19, како и поседување на останата заштитна опрема, држење меѓусебно растојание и секако на казните за прекршување на законските обврски – потсети Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

З.А.