ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Во соработка со општествено-одговорни компании, Општина Ѓорче Петров обезбеди дополнителни 108 таблет-компјутери за следење на онлајн наставата. Денеска во просториите на Општината, осум компании донираа таблети за училиштата.
– Ова се особено тешки времиња за учениците, но и за нивните семејства, и за наставниците, кои мора да се приспособат за следење на онлајн наставата, за што е неопходна соодветна ИТ-опрема – рече градоначалникот Александар Наумоски.
Пред десетина дена, Општината прими донација од 320 таблети и истите тие беа поделени во шесте основни училишта. Училишта добија по 53 таблети наменети за учениците што имаат потреба од нив.
Општина Ѓорче Петров заедно со општествено-одговорните компании вложува максимални напори да им овозможи непречен пристап до онлајн наставата на сите деца, без оглед на ранливата социјална положба или ограничените материјално-технички можности.