Сообраќајот на магистралниот пат Маврово-Дебар од 11:00 часот е нормализиран за сите возила, информираат од ЈП Македонија пат.

Како што претходно соопшти Јавното претпријатие, од 2:30 часот поради голем одрон сообраќајот беше во целосен прекин на делот од патниот правец А2 пред селото Жировница, а наизменично се одвиваше на регионалниот пат Р 1202, Маврово – Дебар кај местото Сенечки.