Некои сообраќајници од двонасочни сега се еднонасочни

Струмица

Општина Струмица, за да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот и да го подобри сообраќајниот проток на улиците Моша Пијаде, 11 Октомври, Ванчо Китанов, Беласица и Монополска, направи неколку промени во сообраќајниот режим и од двонасочни сега дел од струмичките улици станаа еднонасочни. Така, сообраќајот на улицата Моша Пијаде на делницата од крстосницата со улицата Ванчо Китанов до крстосницата со улицата 11 Октомври од двонасочен се менува во еднонасочен.

Правецот на движење на оваа делница по улицата Моша Пијаде е од крстосница на улицата 11 Октомври, кон крстосница со улицата Ванчо Китанов. Десната сообраќајна лента на оваа делница на улицата Моша Пијаде, гледано од правец на крстосницата со улицата Ванчо Китанов кон крстосницата со улицата 11 Октомври, ќе се користи за паралелно паркирање на патнички моторни возила.

– Сообраќајот на улицата Монополска од двонасочен се менува во еднонасочен. Правецот на движење на улицата Монополска е од крстосницата на улицата Ванчо Китанов кон крстосницата со улицата 11 Октомври. Сообраќајот на улицата Беласица од двонасочен се менува во еднонасочен. Правецот на движење на улицата Беласица е од крстосницата со улицата Ванчо Китанов кон крстосница со улицата 11 Октомври – информираат од Општина Струмица.