Населбата Пирава и Бутел Маало ќе имаат нови урбани катчиња за одмор

Валандово

Парк и нов урбан простор ќе се градат во населбата Пирава во центарот на градот и во Бутел Маало. Новите урбани катчиња, покрај стилски патеки и зеленило, ќе имаат нови садници, клупи и друга урбана опрема.

– Општината Валандово почна со постапка за изградба на два нови урбани простори во Пирава. Веќе се изработени нацрт-проекти за партерно уредување, на двата простора, а општината веќе објави оглас за јавна набавка за собирање понуди на електронскиот систем на јавни набавки – соопштуваат од општината Валандово.

Оној што ќе ја добие работата ќе биде ангажиран за разубавувањето на двете предвидени локации за урбанизација и разубавување, со што валандовци ќе добијат нови пријатни места за престој на отворено.