По речиси 40 години живот со неупотреблива водоводна и канализациона мрежа
улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“ во Битола, целосно се реконструирани, а
денеска почна поставувањето асфалт на коловозот на двете улици.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и дел од екипите задолжени за реализација на проектот на улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“ денеска извршија увид во асфалтирањето и се сретнаа со локалното население, кое изрази задоволство за брзата санација на улиците и можноста да не се соочуваат повеќе до
децениските проблеми, за кои велат дека сега ги оставаат зад себе.

Инаку, проектот за реконструкција на улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“ опфати поставување на мешовита канализација, по што следуваше изведба на водоводната мрежа. Целосната реконструкција на овие улици е во вредност од над 3,2 милиони денари. М.М.