Денес со пригодна свеченост во просториите на НВО „Преродба“ во Кичево, пакетчиња добија 100 деца, од кои 30 се од ранливи групи.

– Со овој чин и со доделувањето на новгодишни пакетчиња, на најубав можен начин сакаме да ви ја честитаме Новата година и да ве расположиме пред највеселата ноќ во годината. Радува фактот што се повеќе деца од ромска популација се образуваат и нивните успеси се најдобра потврда дека им претстои светла иднина. Воедно би сакал да му се заблагодарам на Субија Тајроски од Словенија, кој ги донираше овие пакетчиња што денес ги доделивме. Нашата организација од година во година бележи се подобри резултати и вложува континуирани напори за решавање на проблемите на нашата заедница, за што поголем број на вработувања и што подобар стандард на семејствата од ромска националност – истакна претседателот на НВО „Преродба“, Емин Мамудоски.

На спонзорот на овие пакетчиња Субија Тајроски му беше доделена благодарница, а беа истакнати и заслугите на пратеникот Рубин Земон, кој чини огромни напори за решавање на проблемите на ромската популација во целата наша земја. Свеченоста беше збогатена и со литературно читање на млади и талентирани поети од Кичево. З.А.