Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училиштен инвентар. Во сите училници, старите зелени табли за пишување се заменети со нови училишни, бели табли.

– Исто така, се набавени 120 столчиња, 100 училишни клупи и спортска опрема, која е наменета за спортските активности во рамките на наставата. Вкупната инвестиција за набавка на училишната опрема изнесува 300.000 денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет – информираат од општината Охрид.