Фото: Зоран Антоски

За да се подобри хигиената во градот, деновиве на клучните сообраќајници во Кичево, од страна на локалната самоуправа беа поставени нови корпи за отпадоци. Ова е уште еден обид на општината, да им ги промени навиките на граѓаните ситниот отпад, отпушоците, празните кутии од цигари, гуми за џвакање и друго, да ги одлагаат во овие современи корпи, на кои може да се изгаси и запалена цигара, а се поставени високо во видното поле на минувачите.

-По којзнае кој пат, а се со цел да се подобри јавната хгиена во градот, деновиве поставивме нови корпи за отпадоци на најфреквентните улици во Кичево. Новите корпи се поставени на електричните столбови, добро се видливи за минувачите и сметаме дека тоа ќе ги мотивира да почнат да се однесуваат европски и ситниот отпад да го одлагаат во овие корпи. Од претходното искуство ни е познато дека нашите сограѓани тешко ги менуваат навиките, но очекуваме и тоа еднаш да се промени. Инаку досега во повеќе наврати сме поставувале нови корпи, дел од нив без никаква причина се искршени, а дел ги нема на местата каде што беа поставени- истакнаа од Општина Кичево.