Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од основните и средните училишта во Општина Битола, комплетно беа поставени нови 10 интерактивни табли, за осовременување на наставниот процес.

Со средства од општина Битола во вредност од над 630.000 денари, интерактивни табли заедно со проектори, добија основните училишта „Александар Турунџев“, „Елпида Караманди“, „Крсте Петков Мисирков“, „Стив Наумов“, „Трифун Пановски“ и „Кирил и Методиј“, како и средните општински училишта „Ѓорѓи Наумов“, „Д-р Јован Калаузи“ и „Јане Сандански“.

Со овие интерактивни табли значително се подобруваат условите за квалитетна настава, се унапредува квалитетот, практичноста и видео комуникацијата.