Невладината организација „Ротаракт Широк Сокак“ организираше уште една донација за ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – и ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун
Пановски“- Битола.

Овој пат донирани се три прочистувачи за воздух и два апарати – средства за дезинфекција односно бесконтактни механички диспензери.

Во период кога сме на крајот на битката против ковид-19 „Ротаракт Широк Сокак“ не ги заборава хероите кои се бореа против пандемијата. Овој пат со различна донација од претходно. Донацијата е во вредност од 40.000 денари, финансирани од членови од клубот а набавени од Сенгруп и Синпекс.

– Како координаторка на проектов, инспирирана од квалитетниот кадар од јавното здравство со кој имавме успешна соработка како и водени од приоритетите, јавното
здравје и чистиот воздух, чест е што придонесуваме за поквалитетен престој и заштита на пациентите, докторите и најмладите битолчани во здравствените установи во нашиот
град – изјави Ангелина Стојаноска од „Ротаракт Широк Сокак“. М.М.