Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Кичево деновиве засилено работи на освежување на хоризонталната сигнализација на улиците во градот, а приоритет имаат најфреквентите улици каде и бројот на минувачи е најголем, како и премините пред училиштата и градинките. По бојадисувањето, на пешачките премини се нанесува и прашкета материја, која делува рефлектирачки во ноќните часови, со што се зголемува видливоста, а со тоа и безбедноста на минувачите.

– Деновиве сме во интензивна акција на освежување на хоризонталната сигнализација во градот. За разлика од порано, оваа операција ја обавуваме сами, бидејќи набавена е неопходната опрема и наместо компании од надвор, ние во целост ќе ја завршиме оваа опеарација. Најпрво се поставува хоризонтална сигнализација на главните улицим а во втората фаза ќе бидат обележани и останатите улици. Со поставувањето на новата хоризонтална сигнализација се зголемува безбедноста на пешаците во градот а тоа најмногу се однесува на градинките и училиштата, каде бројот на минувачи е најголем – вели Зенел Јонузи, директор на ЈКП „Комуналец“ од Кичево.

Инаку во текот на годината хоризонталната сигнализација се освежува на пролет и на есен, а после зимата на многу крстосници пешачките премини речиси и да не се видливи. З.А.