Општина Струмица ги замени старите канти за отпадоци и монтира нови, помодерни, на кои има и пепеларници, за да можат пушачите да ги оставаат догорчињата од цигарите. Од Општина Струмица информираат дека набавиле вкупно 120 нови канти и ќе бидат поставени најпрво 60 канти, а потоа и другата половина од набавката во деновиве од оваа недела.
Надлежните велат дека со тоа сите стари канти за отпадоци на плоштадот и булеварите ќе бидат заменети со нови, кои не само што изгледаат поубаво туку се и многу попрактични.