Битолските пожарникари наскоро ќе добијат нова опрема. Преку проектот „Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Ресен)”, за битолските пожарикари во наредниот период е предвидено да се набават 16 дишни апарати, како и 42 професионални комбинизони за гаснење на пожари на отворен простор со пожарникарски ракавици и чизми.

Деновиве Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Министерството за локална самоуправа на РМ, го потпишаа договорот за реализација на овој проект. Проектот е аплициран до Бирото за рамномерен регионален развој во рамките на програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Вкупната вредност согласно проектната апликација изнесува 4.163.550 денари. М.М.;В.М.Мл.