Советот на Општина Новаци на денешната 62-та седница за оваа година донесе одлука за кофинансирање на Општина Новаци за реконструкција на улица во село Зовиќ.
Вкупната вредност на оваа инвестиција за селото Зовиќ ќе изнесува 1.293.960 денари.

Со поставувањето на нов асфалт во селото Зовиќ ви голема мера ќе се придонесе за подобрување на инфратсруктурата во селото и подобрување на условите за
развој на туризмот во ова мариовско село.

Инаку Новаци во оваа година од општинскиот буџет инвестираше над 11 милиони денари з апоставување асфалт во 17 села на општината Новаци. М.М.