Општината Новаци на секое прваче ќе му додели по 5.000 денари, бруто износ на родителите на деца запишани во прво одделение во централното ООУ „Славко Лумбарковски” во Новаци и во подрачните училишта во општина Новаци за учебната 2020/2021 година. Ваква одлука донесе Советот на Општина Новаци.

Овој надоместок е со цел намалување на давачките на родителите кога семејниот буџет се преполовува за училишен прибор и книги при самиот старт на новата учебна година, вели градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски. М.М.