Фото: Зоран Антоски

Новата учебна година во Кичево започна со мал број на отсуства на учениците, кои ќе можат наставата да ја следат со физичко присуство во училиште, а тоа се ученици од прво до трето одделение. Во второто по големина училиште во градот, ОУ „Кузман Јосифоски –Питу“, 203 ученици од прво до трето одделение денес го започнаа првиот училишен ден.

– Во нашето училиште во оваа учебна година имаме 203 ученика од прво до трето одделение и денес сите ученици од овие оделенија беа на училиште. За цело време додека трае наставата, во целост се спроведуваат протоколите од држење прописно растојание во училиниците со по еден ученик во клупа, до редовна дезинфекција на рацете, држење соодветно растојание кога се оди во тоалет или се влегува или излегува од училиште.

Мал проблем имаме со наставата во повисоките оделенија која се одвива онлајн, бидејќи немаме доволен број на компјутери. Во овој момент во соработка со општината вложуваме напори да обезбедиме од 11 до 15 комјутери, за да може наставата од далечина да се одвива без потешкотии. Ваков вид на настава ќе следат 460 ученици од 4-то до 9-то одделение – рече Драган Андрески, директор на ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ Кичево, второ по големина училиште во градот.

Инаку забележив е сѐ помалиот број на ученици во ова училиште, каде пред само една деценија бројот на ученици беше поголем за стотина, бројка која е незамислива последните 4-5 години, што е главен индикатор за големото иселување на младите во странство и главниот град.