Денеска во Битола, во рамките на четвртоноемвриските празнувања требаше да се потпише Повелбата за збратимување на Битола со градот Конак од Измир, Турција. Но во последен момент збратимувањето е откажано.

Имено според информации на „Нова Македонија“ до одлагање на збратимувањето дојде поради наводни непредвидени обврски на градоначалникот на оваа општина, кој не допатува во Битола.

Засега нема објаснување за какви непредвидени обврски станува збор и кои се причините што го спречиле градоначалникот на Конак да допатува во Битола.

За разлика од градоначалникот, во Битола веќе е пристигната делегација од општината Конак, Турција, но за жал тие само ќе присуствуваат на свеченостите, а потпишувањето на Повелбата за збратимување ќе се случи во наредниот период, без да се прецизира кога.

М.М.