Општина Охрид денес ја заврши постапката во избирањето на фирма која ќе биде задолжена да ги урне дивоградбите кои се одредени за уривање. Сепак, засега нема информација колку решенија за уривање се издадени.

Од општината велат дека е избран економскиот оператор за рушење на дивоградбите, кој ги исполнува условите и критериумите кои се пропишани во објавата, а наредната недела се очекува да биде склучен договор.

Според информациите, Инспекциските служби се постојано на терен, а бројката на дивоградби варира и затоа не може да биде утврдено засега колку дивоградби треба да се урнат.