Земјоделците кои за наводнување користат вода од хидросистемот „Стрежево“ крајно несовеснои се однесуваат во Пелагонија, конастатираа стручните екипи на ЈП „Стрежево“.
– Имајќи предвид дека станува збор за исклучително сушна година проследена подолг период со екстремно високи и натпросечни температури за овој период од годината, ЈП „Стрежево“ апелира до водокорисниците, водата предвидена за наводнување на земјоделски култури да ја трошат строго наменски (без непотребно трошење и нормална употреба на водата, согласно нивните потреби). Екипи од ЈП „Стрежево” – Битола постојано се на терен и спроведуваат акции за откривање на водокорисници, кои вршат енормна потрошувачка на водата и крајно недомаќински се однесуваат кон овој скапоцен ресурс.
Вршењето на услугите не зависи само од нас како претпријатие, затоа ве повикуваме заеднички да придонесеме за рационално користење на водата, а во спротивно ќе преземеме мерки против лицата кои вршат злоупотреба на водата – велат од ЈП „Стрежево“
Врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, кои во континуитет најавуваат високи температури во наредиот период, Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола уште еднаш апелира на рационално и внимателно користење на водата, велат од „Стрежево“.
М.М.