Несовесни граѓани крадат сортни кучиња и се изживуваат врз нив, реагираат љубители на животни од Кавадарци. Според нив, мачителите ги врзувале кучињата за нога со жица и така врзани ги оставале да висат од мост на реката Луда Мара. Изживувања имало и врз мачки. За најновиот случај со врзано куче кое цвилело, информирани се и од Организацијата за помош и вдомување на улични животни „Срце за животните” од Кавадарци.

-Не е прв пат во дел од градот да врзат крадени кучиња за бандера и да останат така со денови. Сите во Кавадарци добро знаат за кој дел од градското подрачје станува збор, таму има поплаки и за други несовесни однесувања на дел од оние кои живеат таму – нагласуваат од Здружението за МИА.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи Велес, Верољуб Додевски потврди за МИА дека годинава имаат две пријави за мачење на кучиња и тоа во Велес и Росоман.